Jump to Navigation

Работна посета на делегација од Државната комисија за управни спорови во Вилнус, Литванија

Скопје, 18 декември 2015

Успешно остварената студиска посета во Државната комисија за управни споровиво Вилнус, Литванија, во периодот од 25 до 27 март 2015 година од страна на нашиот тим составен од претседателката Ирена Брзанова, Шериф Мемети и Дарко Доневски - членови на Државната комисија, резултираше со договор за понатамошна билатерална соработка помеѓу овие две институции. Како резултат на оваа соработка, Државната комисија во соработка со TAIEX во периодот од 14 до 18 декември 2015 година, беше домаќин на експертската посета од страна на претседателката Јурате Микалчене (Jūratė Mikalčienė) и Рута Бакшевичене (Rūta Bakševičienė) член од Државната комисија за управни спорови во Вилнус.

Во рамките на оваа посета беа разменети драгоцени искуства од областа на управната постапка во втор степен. Имено, целта на оваа посета беше можноста на граѓаните да им се овозможи побрз и поефикасен начин да го остварат своето право пред органот кој решава во втор степен. Во рамките на оваа посета, литванските колеги имаа единствена можност да присуствуваат на една од седниците на Државната комисија, каде како позитивно искуство беше разгледана можноста за е-снимање на седниците, пракса која успешно се спроведува во Државната комисија за управни спорови во Вилнус, Литванија. Понатаму, во рамките на состаноците со литванските колеги беше дискутирано за начинот на функционирањето на сите сектори во институциите во двете земји, бројот и квалитетот, односно,ефикасноста и ефективностана решени предметиод областите по кои истите имаат надлежност да постапуваат, роковите за разгледување на жалбите итн. Од страна на литванските гости беше објаснета хиерархиската поставеност и поврзаност на литванскиот систем на досудско и судско водење на управната постапка,меѓуинституционалната соработка со општествените јавни комисии за управни спорови, специјализираните управни судови и Вишиот управен суд.

Во рамките на оваа посета беа остварени и неколку посети на останати институции со кои Државната комисија за управна постапка и постапка од работен однос во втор степен остварува непосредна професионална соработка какошто се Собранието на Р. Македонија, Управниот и Вишиот управен суд, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија, Управата за имотно-правни работи во Скопје и Охрид, како и Општина Охрид. Целта на овие посети беше запознавање со начинот на кој Државната комисија соработува со органите на законодавна власт, локална самоуправа, судската власт и органите на одлучување во управна постапка во прв степен.

На крајот на оваа успешна работна посета беше констатирано дека воспоставената билатерална соработка ќе продолжи со истото работно темпо во насоки на размена на драгоцени искуства од областа на управната постапка.

 



Nastani | by Dr. Radut