Почитувани посетители,
Добредојдовте на интернет страницата на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен.
Овде ќе добиете корисни информации, кои ќе ви помогнат да се запознаете со работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен и нејзината поставеност во правниот систем во Република Северна Македонија.
Државната комисија е самостоен државен орган со својство на правно лице и е составена од претседател и десет члена, именувани од Собранието на Република Северна Македонија, со мандат од 5 години. За работата на Државната комисија и за својата работа, претседателот и членовите одговараат пред Собранието на Република Северна Македонија. Целта на Државната комисија е да создаде ефикасен систен на правна заштита, преку навремено и законито решавање на предметите по жалби.
Се надеваме дека користењето на интернет страницата ќе ви биде пријатно и едноставно.
СООПШТЕНИЕ - СООПШТЕНИЕ