Jump to Navigation

Спроведување акција за борба против аерозагадувањето и заштитата на животната средина

Скопје, 08.02.2019 година

Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во текот на месец февруари 2019 година ќе спроведе акција за борба против аерозагадувањето и заштитата на животната средина, а согласно заклучокот од сто и деветтата седница на Владата на Република Македонија. Акцијата ќе се спроведе со користење на мерката „минимизирање на користењето на автомобили од страна на вработените“ преку користење на јавен транспорт, користење на велосипеди или пешачење. Мерката ќе се спроведе два пати во текот на секоја работна недела во месецот согласно изготвен План за спроведување на акцијата број 0306-313/2 од 08.02.2019 година и Решение број 0306-313/1 од 08.02.2019 година.
По завршување на акцијата, Државната комисија дополнително ќе ја информира јавноста за успешноста на спроведената акција.

Macedonian


Nastani | by Dr. Radut