Jump to Navigation

Свечено потпишување на Меморандум за сорабoтка за користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и респресија на корупција и перење пари

Скопје, 20.03.2019 година

Претседателот на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен на ден 06.03.2019 година (среда) во Свечената сала на Владата на Република Северна Македонија со почеток во 11:45 часот присуствуваше на свечено потпишување на Меморандум за соработка за користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари.

Со потпишување на Меморандумот започнаа активностите за користење на веб- апликацијата која ќе го олесни собирањето и обработката на статистичките податоци за предметите за случаите на корупција и перење пари и други податоци од значење за градење на анти- корупциски политики.
Покрај Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос, потписници на овој Меморандум се Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за информатичко општество и администрација, ДКСК, Јавното обвинителство, СЈО, Врховниот суд, Судскиот совет, Советот на Јавните обвинители, сите апелациони и основни судови во Република Северна Македонија, Државниот завод за ревизија, Агенцијата за администрација, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Царинската управа, Управата за јавни приходи, Управата за извршување на санкциите и Агенцијата за управување со одземен имот.

Macedonian


Nastani | by Dr. Radut