Почитувани посетители,
Добредојдовте на интернет страницата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
Овде ќе добиете корисни информации, кои ќе ви помогнат да се запознаете со работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и нејзината поставеност во правниот систем во Република Северна Македонија.
Државната комисија е самостоен државен орган со својство на правно лице и е составена од претседател и десет члена, именувани од Собранието на Република Северна Македонија, со мандат од 5 години. За работата на Државната комисија и за својата работа, претседателот и членовите одговараат пред Собранието на Република Северна Македонија.Целта на Државната комисија е да создаде ефикасен систен на правна заштита, преку навремено и законито решавање на предметите по жалби.
Се надеваме дека користењето на интернет страницата ќе ви биде пријатно и едноставно.
СООПШТЕНИЕ - СООПШТЕНИЕ