Jump to Navigation

СООПШТЕНИЕ

16.12.2019, Скопје

На ден 14.12.2019 година, вработените во Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во согласност со Заклучокот на Владата на Република Северна Македонија за спроведување на еко акцијата „Администрацијата чисти‟ со „Не биди ѓубре‟ и во согласност со Акцискиот план, активно се вклучија во истата.

Вработените селектираа пластика и собираа отпад на локацијата езеро „Треска‟, Сарај со што придонесоа за чистење на животната средина со цел подигање на свеста за почиста околина.
Со заклучок на Владата на Република Северна Македонија 14 декември 2019 година (сабота) беше определен да биде работен ден за вработените во државните институции на Република Северна Македонија.



Nastani | by Dr. Radut