Jump to Navigation

Спроведена акција за борба против аерозагадувањето и заштитата на животната средина

Скопје, 08.03.2019 година

Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во текот на месец февруари 2019 година спроведе акција за борба против аерозагадувањето и заштитата на животната средина, а согласно заклучокот од сто и деветтата седница на Владата на Република Северна Македонија. Акцијата се спроведе два пати во текот на секоја работна недела во месец февруари согласно изготвениот План за спроведување на акцијата број 0306-313/2 од 08.02.2019 година. Во посочените денови секој од вработените наместо користење на автомобили за доаѓање и одење од работа, користеше други начини, и тоа јавен транспорт, користење велосипеди или пешачење.



Nastani | by Dr. Radut