Jump to Navigation

Настани

СООПШТЕНИЕ

16.12.2019, Скопје

На ден 14.12.2019 година, вработените во Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во согласност со Заклучокот на Владата на Република Северна Македонија за спроведување на еко акцијата „Администрацијата чисти‟ со „Не биди ѓубре‟ и во согласност со Акцискиот план, активно се вклучија во истата.

Свечено потпишување на Меморандум за сорабoтка за користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и респресија на корупција и перење пари

Скопје, 20.03.2019 година

Претседателот на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен на ден 06.03.2019 година (среда) во Свечената сала на Владата на Република Северна Македонија со почеток во 11:45 часот присуствуваше на свечено потпишување на Меморандум за соработка за користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари.

Спроведена акција за борба против аерозагадувањето и заштитата на животната средина

Скопје, 08.03.2019 година

Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во текот на месец февруари 2019 година спроведе акција за борба против аерозагадувањето и заштитата на животната средина, а согласно заклучокот од сто и деветтата седница на Владата на Република Северна Македонија.

Спроведување акција за борба против аерозагадувањето и заштитата на животната средина

Скопје, 08.02.2019 година

Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен во текот на месец февруари 2019 година ќе спроведе акција за борба против аерозагадувањето и заштитата на животната средина, а согласно заклучокот од сто и деветтата седница на Владата на Република Македонија.



by Dr. Radut