Danica Cadieva
тел: 02/3211343
е-маил: danica.cadieva@dkz.mk
ДАНИЦА ЧАДИЕВА
Во октомври 2018 година е избрана за претседател на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен е надлежна за решавање по жалби против решенија донесени во управна постапка во прв степен од страна на министерствата, другите органи на државната управа, организации утврдени со закон и други државни органи.
Даница Чадиева е родена на 17 мај 1976 година во Скопје. Дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први‟ во Скопје во 2001 година. Се стекнува со уверение за положен правосуден испит во 2004 година.
Во периодот од 2001 до 2003 година е ангажирана како стажант во Основен Суд - Велес. Истовремено од 2002 до 2006 година работи како адвокатски стручен соработник во адвокатска канцеларија Ангел Скорниев. Од 2007 година продолжува да работи како адвокат во сопствена адвокатска канцеларија „Адвокат Даница Чадиева‟.
Од 2014 година работи како адвокат – сопственик на адвокатско друштво „Чадиева- Петровска‟ од Скопје со што се стекнува со работно искуство во повеќе области на правото.
Во март 2019 година избрана е за предавач на Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев‟ од областа на граѓанско право (материјално и процесно) и управно право;
Исто така во текот на 2020 година била предавач на обуки организирани од Институт „Концепт‟ од Скопје, а во врска со имплементација на Законот за општа управна постапка и негова практична примена при водењето на управна постапка.
Магистрант е по управно право на Правен факултет „Јустинијан Први‟ во Скопје на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј‟ во Скопје.
Зборува англиски, руски и хрватски јазик.